Цитроен, вториот историски бренд на ПСA, го претстави во Дефанс Арената во Париз, новиот електричен мини-автомобил по цена од 6900 евра, произведен во својата фабрика во Кенитра во Мароко.
Возилото, именувано АМИ, ќе се нуди и за 19,99 евра месечно, цената на една телефонска претплата за мобилен оператор во Франција.
Автомобилот на пазарот ќе се појави во јуни и го означува пристигнувањето на првата нова генерација на ПСА електрични модели на марката Цитроен, шест месеци по тие на Пежо,Опел и ДС…
Автомобилот е долг само 2,41 м, во форма на коцка или како што велат Французите „чамче за јогурт“ може да се купи само преку Интернет. Наменет првенствено за урбана и млада публика, АМИ ќе може да превезува две лица и да се вози без возачка дозвола.
Comments are closed for this post.