Традицијата вели дека на првиот ден од март се носат мартинки на рацете.Тоа е еден вид на венче направено од конци во разни бои но најчесто црвена.Најстарата жена во семејство треба на рацете на децата да им стави мартинка за здравје и против уроци. Во поново време мартинките се подаруваат на личност која ја сакаме и која ни значи во животот.