Светскиот фонд за природа предупреди денеска на прекумерната употреба на пластика откако во стомакот на угинат кит, кој се насукал на брегот на Сардинија, пронајдени се 22 килограми пластични кеси и други предмети од истиот материјал, пренесуваат агенциите.

Организацијата наведува дека во стомакот на китот најдени се, покрај кеси, една пластична цефка за градежни работи, најлон конец за риболов, пластични чинии, дури и кутија од детергент на која била видлива и марката и бар кодот.

Китот се насукал на брегот на Сардинија минатата недела.

Светскиот фонд претходно предупреди дека пластиката претставува закана за морските животни и додаде дека во последните две години пет китови угинале заради тоа што проголтале пластични предмети.