Пролетно-летната турнеја на Ролинг стоунс на САД и на Канада дефинитивно е одложена затоа што Мик Џегер мора да оди на операција на срцето. Операцијата на залистоците се очекува да биде извршена неделава, а потоа како што советуваат докторите, Џегер ќе мора да се стави во постоперативна состојба и малку повеќе да мирува.

Прогнозите се дека по операцијата фронтменот на групата комплетно ќе се опорави.

„Многу им се извинувам на моите фанови кои купија карти за концертите. Жалам што морам да ве разочарам. Тажен затоа што морам да ја одложам турнејата, но „ќе работам“ напорно за да се вратам што е можно поскоро на сцената“, објави на социјалните медиуми 75-годишниоот Мик Џегер.