Сопственичка на ресторан во Србија смислила оригинале начин како гостите да се чуствуваат пријатно во објектот. Во ресторанот „Дивино“ во Шабац е забрането да се зборува на мобилен и да се прават фотографии.

Ана Васиќ смета дека модерните времиња си го направиле своето и гостите наместо да уживаат во храната и во разговорот со пријателите „зјапаат“ во телефоните и прават селфи.

Сите сме совршени на Facebook и на Instagram, убаво сме облечени, се забавуваме, патуваме и што уште не, но ајде после тоа да не го ставаме на Интернет и да ставаме лајкови, туку да разговараме за тоа во живо, да разменуваме впечатоци, совети-вели Ана.