Леви Штраус,  најпознатиот светски  производител на фармерки, поднесе документи за повторно котирање на акции на њујоршката берза,  по повеќе од три децении.

Компанијата со историја долга 145 години, ќе ги кортира своите акции под ознака “Леви“, а компанијата  планира по пат на иницијална јавна понуда да прибави околу 100 милиони долари, пренесува СНБС.

Приходите на компанијата лани  достигнаа 5,58 милијарди долари,  а нето добивката достигна 283 милиони долари.

Компанијата е  контролирана од потомците на основачот на компанијата, Леви Штраус, а за прв пат во 1971 година  излезе на берзата.

Таа има продажна мрежа од над 50.000 продавници, вклучувајќи и 3.000 јавни продавници во 110 земји низ светот.