Социјалната мрежа  Твитер ќе преземе мерки за зајакнување на контролата на содржината и заштита на онлајн “жртвите”. Ова станува јасно од интервјуто на Извршниот директор на компанијата Џек Дорси, даден на сајтот за технологија Recode. Според Дорси, целата Силиконска долина не успеала во својата мисија да ги заштити жртвите.

“Имаме напредок, но тој не е доволен. Сето тоа паѓа врз рамената на жртвите на онлајн малтретирањето , кое е голем неуспех”, одговори Дорси на прашање.

Твитер, заедно со  социјалната  мрежа  Фејсбук, беше критикувана од сите политички партии. Либералните политичари во САД и Европа сметаат дека социјалните мрежи не прават доволно за да се справат со навредите и дискриминацијата во нивните платформи, додека конзервативните политичари сметаат дека нивните мислења се задушуваат и цензурата стигнала премногу далеку.

И двете големи мрежи (Твитер и Фејсбук) беа користени и за политичка пропаганда и надворешно мешање на изборите за претседател во САД во 2016 година, што беше потврдено и од самите компании.

Во  друго интервју на Дорси минатата недела, извршниот директор рече дека мрежата “не може да си дозволи да остане неутрална”.

Интервјуто на Твитер со Дорси дава целосна слика,  дека  најверојатно компанијата наскоро ќе  промени  поголем број од своите  правила и ќе стане уште поцврсто регулирана.