Омилената активност на туристите од регионот кога се на летување-станува на машкиот дел од семејството во рани зори за да стави крпи на плажата и чадор да им чува место веќе нема да биде можно.

Во Хрватска тоа ќе биде забрането а први со тоа почна општина Медулин. Таму градските комунални служби одзедоа десетина крпи, лежалки, чадори, папучи. Во следниот период кога туристите ќе дојдат на своето место ќе ги чека казна.

Комуналните служби засега ќе опоменуваат а казните ќе се движат од 10 до 30 евра.