Археолозите во Египет открија гробница стара околу 4.400 години во комплексот пирамиди Сакара, јужно од главниот град Каиро, објави германски „Билд“.

Денес светот објавува за едно од последните откритија на 2018 година, а станува збор за одлично зачувана гробница. За тоа колку е добра зачувана најдобро илустрира фактот што ѕидовите уште се покриени со боја, а скулптурите како речиси и да не се допрени, рече за гробницата високо рангиран свештеник, министерот за антиквитети Калед ал-Енани Чак.

Гробницата стара 4.400 години му припаѓал на човек со име Вахтје, кој живеел за време на владеењето на фараонот Неферикар од петтата династија. Неговата гробница е украсена со прикази од фараонскиот свештеник со мајка му. жената и другите членови на семејството.

Во гробницата има повеќе комори и 24 статуи на свештени лица.

Во номеври археолозите објавија дека на локалитетот Сакара пронашле седум саркофази, од кои некои постари од 6.000 години. Во три гробници се пронајдени мумифицирани мачки и скарабеи. Некрополата Сакара е дом на Чосеровата пирамида, постара од 4.600 години и која доминира на локалитетот.

Гробницата која ја изградил архитектот Имхотеп за фараонот оригинално била висока 62 метри и беше сметана за најстара зграда на светот изградено целосно од камен.

Што се однесува до гробницата на свештеникот, не се знае кога ќче биде изложена во јавност, но некои предмети по археолошка обработка ќе одат во Национланиот музеј во Каиро.