Вашето куче е најлојалниот, најхрабриот и најслаткиот пријател што можете да го имате. Кучињата ги покажуваат нивните емоции на разни начини. Некои од знаците дека кучето ве сака се очигледни, но некои се навистина суптилни. Ако не можете да го протолкувате однесувањето на вашето куче, овие 10 знаци ќе ви помогнат во тоа.

1. Ве гледа во очи

Исто како што и луѓето сакаат да ги гледаат во очи личностите на коишто им се восхитуваат и ги сакаат, тоа го прават и кучињата. Кога кучето ве гледа во очи, во неговиот мозок се лачи окситоцин – хормонот на љубовта. Истиот хормон се лачи во мозокот на мајката кога се поврзува со нејзиното новородено бебе.

2. Ви се насмевнува

Не си замислувате, туку вашето куче навистина може да ви се насмевне. Кога устата на кучето е отворена и опуштена или наликува на насмевка, тоа ја покажува неговата љубов.

3. Сака да се гали

Често кучињата ја покажуваат нивната љубов со тоа што постојано сакаат да ги галите. Ја користат секоја можност да ви се доближат или да поминат време со вас.

4. Ве проверува кога не сте до него

Веројатно партнерот би ве проверил доколку сте разделени подолго. Истото се случува и со кучињата. Тие сакаат да бидат во ваше присуство и ќе се обидат да бидат што е можно поблиску до вас.

5. Ви ја носи омилената играчка

Секое милениче си има омилена играчка. Тоа е предмет што го сакаат најмногу и за којшто се однесуваат најпосесивно. Доколку вашето куче ви ја носи неговата омилена играчка, тоа е знак дека имате посебно место во неговото срце.

6. Мавта со опашката додека ве гледа

Мавтањето на опашката е знак дека кучето е среќно и релаксирано. Многу ветеринари тврдат дека ако кучето ја мавта опашката кон десно кога ќе ве види, покажува дека ве сака.

7. Спие до вас

Кучето ќе сака да спие со вас само ако се чувствува удобно во ваше друштво. Ако постојано инсистира да спие до вас или во вашата соба, тоа е јасен знак дека ве сака.

8. Ве пречекува кога си доаѓате дома

Без разлика дали сте биле отсутни 10 минути или 10 денови, вашето куче секогаш ве пречекува со ентузијазам. Постојано скока околу вас, ве лиже, а можеби и уринира од радост.

9. Ви ги краде чевлите и облеката

Кучињата го сакаат мирисот на нивните сопственици, па поради тоа често крадат чевли, чорапи и облека.

10. Реагира позитивно на вашиот глас

Кучето повеќе го сака звукот на неговото име кога ќе го слушне од неговиот сопственик. Можете да ги забележите изразите на кучето кои ќе се менуваат секогаш кога ќе му го кажете името. Кучето ќе остави буквално сè само за да дојде кога ќе го викнете.

Ивор: 4news.mk