Во Германија отсега во матичните книги покрај машки и женски пол ќе може да има и трет пол. Тие ќе се нарекуваат „различен“ или без наведено“.

Ваквата одлука е донесена откако Бундестагот гласаше за промена на законот кој е донесен со гласовите на партијата на Меркел ЦДУ и Социјалдемократите, пренесува Дојче Веле.

Ќе може и да се направи корекција ако полот е погрешно запишан или пак лицето подоцна го смени полот.

За ова да се направи ќе биде потребна лекарска потврда дека е утврдена интерсексуалност.