Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се запозна со американскиот актер  Чак Норис, па видеото од целата средба го објави на својата Фејсбук страница.

Интересен дијалог се водеше меѓу Чак Норис и Виктор Орбан. Така, Орбан на Норис му рече дека го мразат либералите исто како што во САД не го сакаат Трамп , како и дека е тој уличен борец.

Тие се сретнаа во едно кафуле , за потоа премиерот да го однесе актерот во акџиски филмови во тренинг центар за да ги видат како вежбаат противтерористичките единици.

Норис го спореди Орбан со Трамп , откако унгарскиот премиер му се пожали дека 90 проценти од коментарите  за него се негативни.

Чак Норис е во посета на Унгарија, во рамките на иницијатива во добротворни цели. Гласноговорник на кабинетот на Орбан соопшти дека американскиот актер ќе одржи неколку презентации во Унгарија, потврдувајќи ја средбата со премиерот.