Колкаво влијание имаат социјалните мрежи се уверија и членовите на „Камчија оркестар“, чија песна „Комбајн жнеење“или како што сите ја знаат „Васко жабата“ стана вистинска сензација на Балканот.

Бугарскиот бенд ја сними оваа песна пред речиси две децении, а корисниците на Тикток и Инстаграм неодамна ја оживеаја, а рефренот „Васко Жабата“ со недели ги преплави сите апликации.

Продуцентот на оваа хит песна Марин Маринов вели дека е изненаден од успехот  на песната две децении по објавувањето.

– Да бидам искрен, пријатно сме изненадени што оваа песна стана толку популарна 20 години откако ја снимивме. Песната има изразен балкански ритам, а пејачите одлично си го одработија својот дел и мислам дека тоа е она што ја освои публиката – рече Марин и откри дека песната наскоро повторно ќе се снима, но овој пат во поинаков аранжман.

„Васко жабата 2“ ќе пристигне во септември.