Некој не може да излезе на крај соедна жена, а Бразилецот Артуро Урсо успева да живее со дури 8 од нив и вели дека на секоја од нив посветува подеднакво внимание, љубов и пари.
Артуро Урсо тврди дека е многу среќен со своите 8 сопруги.

Овој познат промотор на полигамијата, модел и богаташ живее луксузен живот кој решил да го сподели со што повеќе љубовници. Артуро всушност се оженил со 9 жени, но едната набрзо го напуштила овој необичен брак, додека останатите осум се уште се вљубени во истиот сопруг.

Артуро признава дека функционирањето на такво семејство бара добра организација, распоред за времето кое го поминува со секоја жена. За да им го обезбеди максималниот луксуз што го заслужуваат, решил и да изгради куќа за секој од нив.