Пет орка китови нападнаа и убија младо од сив кит во близина на брегот Монтереј, Калифорнија за време на четиричасовен напад кој бил фатен на видео снимка.

Снимките покажуваат како очајната мајка со часови се бори да го спаси младото, додека Орка китовите постојано го напаѓаат во обид да го одвојат парот, што накратко го прави морето црвено.

Очевидците кои од брод за надгледување на китови ја следеле акцијата, велат дека орка китовите пред да нападнат се движеле во цик-цак линија.

„Тоа беше вистинска пресметка во морето. Иако може да биде тажно бидејќи сивите китови стануваат плен, но мора да се потсетиме дека китовите убијци мора да јадат за да преживеат“ велат набудувачите на настанот.