Струга следејќи го трендот во светски рамки годинава ќе организира Атлетска манифестација „Трка на поезијата“, која ќе се одржи по градските улици, на 23 мај. Организаторите на големо го најавуваат настанот кој ќе ја збогати спортската понудата во Струга.

Градот истовремено лежи и на езеро и на река и има посебна магија која не сакаме никогаш да згасне. Струга е позната како град на поезијата, па време е да твориме нова поезија: поезија на спортот, на здравиот живот и на младиот дух, што засекогаш ќе тлее во душата на стружани. – стои во најавата на организаторите.

„Трка на поезијата“ ќе биде составена од 5-километарска и 10-километарска трка, а дополнително организаторите ќе ја презентираат трката и сите пропратни работи, кои се во склоп на манифестацијата