Хрватскиот пејач Тони Цетински е ослободен од сите обвиненија за случајот со сообраќајната несреќа од 3 ноември 2017 година во Ровињ во која настрада 62 годишниот Ибрахим Кевљанин.
Судијката Тања Канис Пренц низ пресудата порача дека државното обвинителство не успеало да докаже ниту едно од обвиненијата заради што пејачот се ослободува од вина.
Тони видно потресен за време на читањето на пресудата пред новинарите рече дека вакво нешто не посакува никому да се случи.
Тоа што останува во сеќавањето е моментот на несреќата и фактот дека ништо не можев да направам тоа да го избегнам. Тука е и моментот кога не можев да му помогнам на човекот. Тоа е она што ќе ми остане во главата целиот живот. Што се однесува до процесот, не сум образован тоа да го коментирам, изјави Цетински.
Несреќата се случи на 3 ноеври 2017 година во Пуста улица во Ровињ, една од најнепрегледните улици во стариот дел од градот. Цетински тогаш со својот автомобил марка мерцедес налета на човек кој лежел на патот, го прегазил, така што случајот се заврши со смртен исход.
Comments are closed for this post.