Поп кралицата Мадона со барање од фановите за време на нејзината светска турнеја, за 14-от студиски албум со име „Мадам Икс“ која започнува за една седмица, за време на концертите да не користат мобилни телефони.

Употребата на мобилни телефони, паметни часовници, камери и слични уреди нема да биде дозволено за време на настапот. Местото во концертните сали треба однапред да се резервира, а откако влезниците ќе се поништат на мобилниот телефон, употребата на истите повеќе нема да биде дозволена, пишува во барањето на Мадона.

За разлика од останатите турнеи, Мадона се одлучи претставувањето на својот нов албум наместо во големи арени да го направи на театарски сцени. Со секоја влезница за време на турниејата ќе се делат специјални торбички за телефони, кои може да се заклучат.

Многу од фановите се сложија на ваквото барање сметајќи дека пејачката сака публиката да го „почувствува“ концертот, а не цело време да се гледа во екраните.

Мадона неодамна се огласи на „штетноста“ од мобилните телефони, велејќи дека ја оддалечиле од нејзините деца. Таа откри дека на синот Давид му го одземала мобилниот телефон велејќи дека нејзините деца станале опседнати со фотографиите на другите и почнале да се споредуваат со нив.

Сметам дека тоа е лошо за нивната индивидуалност, рече тогаш Мадона.