Причината за трагедијата што се случи на денешен ден пред 107 години, не е ледената санта, вели капетанот Л. М. Колинс и додава дека за овој „познат“ удар на Титаник – нема докази.

Колинс  во неговата книга опишува како десет минути пред потонувањето, двајца морнари забележале нешто како магла на хоризонтот.

Сигурен сум дека  е невозможно  бродот  да удрил во санта мраз, изјави бившиот морнар,пренесува  express.co.uk.

Исто така, како што морнарот понатаму тврди, неколку полицајци пријавиле различна висина  на наводниот леден брег.

Според Колинс, ако бродот пловел со брзина од 11 метри во секунда и удрил во санта мраз, која се вели дека е со големина на хотелот, тогаш  целата страна на бродот ќе била  уништена.

Бродот ќе потонал во овој случај за неколку минути, а не за часови“, заклучува капетанот.

Титаник потона на 15 април 1912 година, за време на неговото прво патување од Саутемптон во Њујорк.

Во бродот имало околу 2.200 патници и во несреќа повеќе од 1.500 луѓе ги загубија животите.