Од петокот нов в.д. директор на нашата институција е Тина Иванова, која работеше како продуцент во Филхармонија, соопштуваат оттаму.

Виктор Илиески, кој беше директор на Филхармонија во изминативе три години поднесе оставка поради приватно и професионално заминување во странство.

Институцијата од името на сите вработени му се заблагодарува за неговите професионални ангажмани и достигнувања. Продолжуваме непречено со работа, следете не и бидете дел од нашите концерти.

Почитувајте ги протоколите за заштита, носете маска и уживајте во музиката која е дел од нашата нова сезона, велат од Филхармонија.

Досегашната продуцентка на Филхармонија Тина Иванова од петокот е нов вршител на должност директор, откако Виктор Илиевски, кој ја извршуваше оваа функција поднесе оставка поради заминување во странство, објави Филхармонија на нивата страница на Фејсбук.

Од петокот нов в.д. директор на нашата институција е Тина Иванова, која работеше како продуцент во Филхармонија. Виктор Илиески, кој беше директор на Филхармонија во изминативе три години поднесе оставка поради приватно и професионално заминување во странство. Институцијата од името на сите вработени му се заблагодарува за неговите професионални ангажмани и достигнувања, објави Филхармонија.

Тина Иванова е родена во 1976 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот по музикологија и музичка критика. Работеше во „Утрински весник“ од неговото формирање (1999), најпрвин како новинар и музички критичар во културната рубрика, а од 2007 до 2012 година и како нејзин уредник. Пред „Утрински весник“ работи како музички рецензент во Редакцијата за класична музика и како музички водител во Музичкото радио „Канал 103“, во Македонското радио, паралелно и како новинар во Македонската информативна агенција.
Досега има објавувано текстови во повеќе македонски списанија за култура. Редовен учесник е на музичко-научната манифестација „Струшка музичка есен“. Член е на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103, и за неа е добитник на престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2011 година. Во 2013 година ја издаде нејзината втора книга, романот „Кругови“, во издание на „Или-Или“.