Додека северните делови на Грција се соочени со сибирски студови и со снежна покривка и над половина метар, денес снег ја покри и грчката престолнина.

Циклонот „Телемах“, именуван според митскиот лик од Одисеја, донесе ретка појава за Атина – снежна покривка која предизвика атракција, но и проблеми за возачите кои не се научени во Атина да возат во снежни услови.

Метеоролизите оптимистички изјавуваат дека „Телемах“ дошол на само еден ден и си заминува од Атика.