Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ, по погребот на пејачот, за првпат проговори за односот со таткото и за тоа дали има контакт со неговото семејство.

Иако Шабан го признал за син не му го дал своето презиме, туку Роберт се презива Омаљев. Тој има 47 години и живее во тешки услови во Зрењанин.

Роберт вели дека на таткото му ги простил сите грешки од минатото.

 

Со татко ми се немам видено со години, што било, било. Разбирам дека семејството му беше на прво место, вели Роберт.

Нагласува дека со полусестрите и полубратот се нема видено ниту слушнато.

Шабан Шаулиќ, пак, пред неколку години на оваа тема изјави дека го признал детето но оти тоа не било плод на љубов.

Го направив во младоста, но тој не е роден од љубов. Искрено, никогаш не направив тест за да докажам дали навистина ми е син. Сепак, плаќав алиментација до неговата 18 година, но не го гледам – говореше Шаулиќ.