Музичарот Мирсад Кериќ кој го возеше возилото во кое загина фолк легендата, Шабан Шаулиќ, беше погребан во Германија. Мирсад секогаш го следеше Шабан на настапите па така беше и на нивниот последен концерт.

Мирсад беше погребан во Германија каде живееше со трите деца и сопругата. На погребот се собра многу негови пријатели а букет цвеќе стигна и од семејството Шаулиќ. Токму со песната од Шабан, „Да се родам повторно“ беше испратен во вечниот дом.