Кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ беше во брак со Гордана со која имаат три деца. Ќерката Илда која го наследи во музиката, Санела и синот Михајло.

Тие живеат во луксуз, но покрај нив, Шабан со Јасна го има и вонбрачниот син Роберт. Пејачот за него плаќал алиментација додека не наполнил 18 години, а потоа престанал да се интересира.

Роберт сега живее во сиромаштија во  Зрењанин и нема пари за основните потреби. Неколкупати се обидел да стапи во контакт со таткото, но безуспешно.