Овие 100 дена како министерка за култура за мене, се ново искуство, но на познат терен. Оваа одговорна позиција не ја прифатив за да ја пополнам својата професионална биографија, а уште помалку да им се допаднам на сите. Тука сум за да дадам максимум за доброто на сите во културата. Еве го мојот отчет:

✅решен е проблемот на неисплатените плати на три илјади и шестотини вработени во културата
✅го усовршивме концептот за годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за наредната година
✅објавуваме нов јавен повик за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници
✅започнаа конзерваторско реставраторските интервенции на црквата Свети Ѓорги во Курбиново и исто така успеавме да ја ставивме на прелиминарната листа на УНЕСКО
✅обезбеден е рекорден буџет за заштита на културното наследство за следната година
✅отворивме нова буџетска програма за културно наследство во опасност
✅го формирав националниот совет за заштита на културното наследство, кој ќе го разгледува елаборатот за прогласување на скопскиот аквадуктот за културно наследство од исклучително значење
✅до УЗКН поднесовме иницијатива да се преиспита статусот на Порта Македонија како културно наследство
✅ја формиравме Националната комисија за УНЕСКО
✅следната година, заедно со УНЕСКО, ќе ја чествуваме стогодишнината од раѓањето на основоположникот на современиот литературен македонски јазик, Блаже Конески
✅успеавме за кратко време,на наша иницијатива , културата да стане дел од официјалната агенда на Европската Унија за Западен Балкан
Работиме на:
✅Законот за остварување на јавниот интерес во културата, кој е во Собрание ; изготвуваме нов закон за културно наследство ; во тек е изработка на измени и дополнувања на законот за авторско право…

Ова е, накусо, за сработеното во моите 100 дена во Министерството за култура, напиша на Фејсбук министерката Стефоска.

Овие 100 дена како министерка за култура за мене, се ново искуство, но на познат терен. Оваа одговорна позиција не ја…

Posted by Irena Stefoska on Thursday, December 17, 2020