Војвотката од Сасекс повторно се најде на мета на критиките на британската јавност.

Овојпат британските граѓани со внимание го проследија стајлингот на Меган Маркл на мечот на Серена Вилијамс на Вимблдон. Војвотката го проследи овој меч од ложата резервирана за членовите на кралското семејство во друштво на две пријателки, но во сето тоа немаше да има никаков проблем да не беше премногу слободниот стил на облекување.

Војвотката се појави на Вимблдон со тесни фармерки, црна маица и бело сако, со беч шешир на главата и со дискретно ланче со мала буква А, посветена на синот Арчи. Иако во оваа комбинација Меган изгледа одлично, а и нема официјален дрес-код за Вимблдон, Британците забележаа дека Меган, како дел од кралското семејство, треба да носи поприкладна и поелегантна облека.