Скриеното богатство од Македонија – убавината не познава граници е насловот на изложбата која од неодамна е отворена во Дубровник. Авторка на изложбата е Бранка Хајдиќ.

Во Музејот во Дубровник се претставува текстилното, но не само текстилно богатство од Македонија од 10 и 20 век. Оваа колекција е сочувана во Дубровник.

Изложбата е дел од меѓуинституционалната и меѓународна соработка со Македонија и истражувањата на текстилното ракотворство во различните културно-историски случувања. Со ова се истакнува и работата на хрватските истражувачи во собирање, заштита и зачувување на македонското творештво, народните носии како национално културно наследство на сите словенски народи од југоисточна Европа.

Збирката во Дубровник е дело на работата на Јелка Миш донацијата на Комисијата за културна соработка на ФНРЈ.

Стручни соработници на изложбата се и Нада Геневска Брачиќ, Владимир Јаневски и кустосот Ивица Кипра, а кустос на изложбата е Ивона Мичл.

Izložba "Skriveno blago Makedonije – Ljepota koja ne poznaje granice", autorice Branke Hajdić, otvorena je u srijedu,…

Gepostet von Dubrovački Muzeji / Dubrovnik Museums am Mittwoch, 23. September 2020