Инцидент со дрвокрадци се случил синоќа во околината на „Степанци“ во кој се повредни петмина полицајци, двајца потешко, тројца полесно. Настанот се случил на стариот пат селото Извор -Прилеп во атарот на селото Степанци, откако дрвокрадци ја нападнале патролата од пет полициски службеници од полициската станица Чашка .

До сега се приведени 4 лица, запленети биле две возила со дрва, кои не биле легално исечени. На местото на настанот била екипа на итната помош. Првичните информации се дека две лица се потешко повредени, а едниот од нив, поради тежината на повредата е итно пренесен на Ургентен во Скопје.

Кај едниот пациент има повреда на глава ,а другиот е повреден во стомакот. Дадена е прва помош и веднаш се префрлени на хируршкото одделение од велешка болница – информираше за локалните медиуми д-р Васе Пановска, портпарол на итната помош.