Истражување по повод премиерата на филмот „Име“, во кој брачен пар сака на своето дете да му го даде името Адолф, покажа дека тоа станало непосакувано име во Австрија.

Додека името Адолф пред околу 70 години било на ранг листата на најомилените имиња и секојпат меѓу водечките, денеска е потполно непожелно.

Така во 1984 година само 11 родители на своето дете му го дале името Адолф, а минатата година на ниедно новородено дете не му е дадено тоа име.

Исто така и пред минатата година само еден пар му го дал името Адолф на своето дете и тоа во областа Корушка на југот од земјата.

Негативната конотација со името се поврзува со нацистичкиот водач Адолф Хитлер, кој е роден во австрискиот Браунау.