На фудбалските терени сме гледале како некој запален навивач влегува на теренот, па по него трчаат од обезбедувањето, полицајци…општа потера. Некогаш некој гологаз навивач ќе влета на теренот, па сите трчаат да го покријат со нешто за да не се се гледа скандалот…

Но, не е секогаш баш така. Во саботата на еден фудбалски меч од подолните лиги во Холандија на теренот втрча една гола блондинка. Го претрча целиот терен, а сето тоа беше проследено со одбрување и по некој аплауз. На крај девојката мирно си излезе од теренот и таа пресреќна. Ни потера по неа, ни обезбедување…

А, резултатот? Гостите победиле со 6:2.