Повеќе од 300 години од нејзината смрт, Шкотската држава апелира на пронаоѓање, односно враќање, на посмртните остатоци од жена која е убиена поради обвинение за вештерство, како би можела да биде погребана.

Лила Ади умрела во затвор во 1704 година. Пред да биде осудена, била задавена и запалена за кривично дело кое, како што пишува СиЕнЕн, го признала – дека е вештерка и имала секс со ѓаволот.

Погребана е на плажа во Торибурн, а локалното население се плашело дека таа може да оживее и да стане од гробот па така ја закопале под огромен камен.

Сепак и покрај напорите нејзиното тело да остане на едно место, есхумиран е нејзиниот череп и коски во 1852 година. Нејзината глава подоцна е најдена во музеј во Универзитетот Сент Ендрјус каде е фотографирана во 1904 година пред да исчезне, заедно со останатие посмртни остатоци.

Тим од универзитетот Данди неодамна ја искористи фотографијата со цел да креира дигитална реконструкција на нејзиното лице.

Сега локалните власти покренуваат потрага како нејзините посмртни остатоци би биле погребани.

Важно е да ја препознаеме Лилу Ади и илјадници други мажи и жени обвинети за вештерство во раната модерна Шкотска, кои луѓето ги окарактеризирале како лоши, се наведува во соопштението.