Актерката и ѕвезда од филмот „Терминатор“, Линда Хамилтон (62) изјавила дека е во целибат речиси 15 години, а дека понудите за брак воопшто не ја интересираат, пренесува магазинот „Пипл“.

Во целибат сум барем 15 години. Човекот престанува да пати бидејќи едноставно не е важно, или барем не ми е важно мене. Имам романтична врска со моето секојдневие и со луѓето кои се во него, изјави актерката.

Со филмскиот актер Брус Аботом беше во врска седум години и со него имаат син, исто така актер, Далтон Абота (29). Пред 20 години се разведе од вториот маж Џејмс Камерон (65) кој го режираше второт продолжение на „Терминатор“. Биле во брак две години и ја имаат ќерката Џозефин Арчер (26).

Линда се врати на работните обврски. Таа ќе ја оживее улогата на легендарната Сара Конор, а со својот колега Арнолд Шварценегер ќе се појави во продолжението на „Терминатор“ кој премиерно ќе биде прикажан на 1 ноември.