Претседателот Стево Пендаровски денеска присустуваше на снимањето на серијата Зоки Поки. Тој на екипата и посака успешно снимање на серијата по книгата со која растеа многу генерации.
Детството со сигурност е најубавиот период од сечиј живот. Дружењето со талентираните дечиња, главните ликови од тв серијата Зоки Поки ми беше потсетник дека треба да ја негуваме креативноста уште од најмала возраст. Во разговор со режисерот на серијата, Александар Поповски ме информираше дека серијалот ќе биде составен од 10 епизоди и ќе се емитува напролет. Целта на серијата, како што вели Поповски, е да едуцира, да забавува, да ги врати изгубените вредности кај младите, но и да ги врати повозрасните во детството. Се надевам дека децата ќе уживаат гледајќи ги доживувањата на Зоки Поки и неговата дружина-напиша Пендаровски на Фејсбук.
Comments are closed for this post.