Холивудски режисер Квентин Тарантино (55) за прв пат се ожени и тоа за пејачката и манекенка Даниела Пик, 20 години помлада од него.

Меѓу гостите на приемот по венчавката, што беше извршена по еврејски обичаи, беа неговите пријатели и колеги, актерите Харви Кајтел, Тим Рот и режисерот Ели Рот. Тарантино и Пик се запознале во 2009, кога режисерот во Израел имал промоција на филмот „Брутални гадови“. Во меѓувреме ја прекинаа врската, за повторно да бидат заедно во 2015.

Тарантино ја побара Пик за сопруга минатото лето. Ова им е прв брак и на двајцата. Познатиот режисер на прашањето зошто не се оженил вели дека кога прави филм, се се врти околу филмот и не му требаат жена или деца.

Даниела Пик ја почнала својата пејачка кариера пред дваесетина години со настапи заедно со сестра и Шарон.Даниела е ќерка на познат ирски пејач Цвајк Пик, кој бил популарен во 60–тите години во Ирска.

Во моментот Тарантино работи на филмот „Беше еднаш во Холивуд“, во кој играат Бред Пит и Леонардо ди Каприо, чие снимање заврши неколку дена пред венчавката.