Родителите можат да бидат мирни. Детето нема да падне од велосипедот, нема да биде погодено од пијан возач, ниту пак киднапирано од некој перверзен човек. И пријатното е споено со корисното – додека се на интернет, каде што уживаат во виртуелната реалност, тие дури можат да научат нешто, ако ништо друго, по некој збор од англискиот јазик или да станат основа за кариера на иден компјутерски експерт.Колку родители го прават тоа? Според достапните податоци, премногу, анализира Ал Џезеира.
Колкумина се подготвени да го препуштат своето дете на шармот на Интернетот, уште колкумина се потполно несвесни за тоа на какви ризици оваа форма на однесување ги излага нивните потомци.
А податоците се вознемирувачки. Според анализата на организацијата Save the Children, дури 74 проценти од децата на седум години користат интернет, 71 процент од оние на возраст од девет или десет години имаат профили на социјални мрежи (иако се забранети од овие мрежи), додека дури 96 отсто од децата оставаат лични информации на профилите кои се достапни на Интернет.
Comments are closed for this post.