Грци, кои сакале да прошетаат покрај езерото Вистонида, на педесетина километри од Кавала, биле пречекани како од сцена од хорор филм. Се било прекриено со пајажина, стеблата, грмушките, ливадите крај езерото потполно побелеле.

фото: Ројтерс/Александрос Аврамидис

Научниците тврдат дека за овој редок феномен заслужни се пајаците од видот Тетрагнат кои дошле до езерото и нагло се размножиле благодарение на топлото време за овој период од годината.

фото: Ројтерс/Александрос Аврамидис

Во прилог им оди и големиот број комарци со кои пајаците се хранат што дополнително се убрзал процесот на размножување.

фото: Ројтерс/Александрос Аврамидис