Очекуваниот награден фонд на американската лотарија „Мега милион џек пот” изнесува повеќе од милијарда и 600 милиони долари и тоа ќе биде највисок во американската историја.

Со оглед дека во петокот не беше извлечена главната награда во износ од една милијарда долари, сумата што треба да ја добие среќниот добитник денеска значително се зголеми.

Имено, џек пот има толкав износ бидејќи никој не го погодил од 24 јули, кога група граѓани добија 543 милиони долари.

Тикетот е два долара, а шансите некој играч да ги погоди сите шест бројки се мали – 1:302,5 милиони.