Германецот Кристоф Полдер има поучна приказна за они што премногу се внесуваат во работата запоставувајќи го животот и здравјето.Тој работел по 80 неделно, одлично заработувал и возел „бесен“ Јагуар.

Тој изработувал градежни проекти и освен работата ништо друго не го интересирало.За него не постоел приватен живот, девојка, семејство, уживање.

 Се  било совршено се додека еден ден едноставно не можел да стане од креветот.Докторката му советувала мирување а набрзо му ја дијагностицирала болеста „F 48.0″, односно класичен „burnout“ синдром.

 Спиел по 18 часови на ден со лицето во постелата. Решил од корен да го промени животот.Дал отказ и купил камп приколка со која патува низ земјата.

Комплетно се променив, сега сум сосема друг човек.Порано само работев а сега спротивно-живеам. Најчесто сум во шума и стрелам или само се релаксирам-раскажува Германецот.