Колективна изложба „Есенски салон“ на 15 уметници членови на Здружението „Арт Полог“ беше свечено отворена вчера во Уметничката Галерија во Тетово. Претставените дела ќе бидат изложени и ќе може да се погледнат до среда 30 октомври.

– Ние сме ново здружение на уметници, ова е прва година на нашето постоење и на овој начин се претставуваме пред тетовската публика. Тема беше слободна и секој уметник се изрази на свој начин. Имаме вајарство, сликарство и графика претставени на повеќе основи како картон, платно, и слично, изјави Али Синани, сликар и претседател на здружението.

Колективната изложба „Есенски салон“ била претставена пред жителите на гостиварски Добри Дол и во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Следува изложба и во Гостивар.