Првата македонска интернет-книжарница добива нов изглед и ја продолжува традицијата на организирање пролетен Саем на книгата.
Ново онлајн саемско искуство од 19 до 30 април на првата македонска интернет-книжарница – www.kniga.mk. Веб-книжарницата која речиси 20 години ги поврзува книгите и читателите нудејќи виртуелно книжевно искуство од денес ги отвора вратите на својата нова и модерна книжарница која оди чекор понапред во дигитализација на својата понуда и со извонреден избор на печатени, но и електронски изданија достапни за сите читатели, во секој дел од светот. Изборот што го нуди kniga.mk е единствен – читај електронски книги на својот уред веднаш, или нарачај ги омилените книги на својата адреса најбрзо и најповолно!
Оваа година, во чест на Светскиот ден на книгата и традицијата на одржување пролетен Саем на книгата, kniga.mk организира ново онлајн саемско искуство. Од денес, па сѐ до крајот на април, избор од над 600 изданија од ТРИ, Паблишер, но и од уште 13 други издавачи ќе бидат на попусти до 70 %, а испораката над 1.000 денари ќе биде бесплатна. Оваа саемска понуда ќе биде достапна за сите читатели, а процесот на нарачување на книгите и испораката што ги нуди kniga.mk се брзи и безбедни. Од денес, секој има Саем на книгата дома!
Уживајте во богатата понуда на изданија од сите области – бидете во тек со новитетите како што излегуваат од печат и со топ-листата на најпопуларни книги според читателите. Искористете ги предностите на виртуелната книжарница и прочитајте извадок од книгата, дознајте ги сите детали за неа пред да се одлучите да ја нарачате. Сето тоа во вашето слободно време, од која било локација.
Comments are closed for this post.