Добитник на наградата Гран -при 2021  е „School 1955“  од Москва, Рудија. Почесната награда „Коста Хаџи Антоновски“ за долгогодишно учество, соработка и придонес  ќе ја понеси Теодолинда Паскоал од „Теоартис“, Евора, Португалија, а наградата „Проф.д-р  Богомил Карлаварис“ за животно дело  Славно Зупан од Љубљана Словенија.

Јубилејна специјална награда за училиште  ќе добие Унгардскиот културен центар „Непкер“ од Суботица, Србија, а за ученик  Гордеј Мурашко од Москава, Русија. Награди за учество на Малиот битолски Монмартр ќе добијат и 17 екипи на ученици и ликовни педагози.

Вака одлучи стручното жири  на „Малиот битолски Монмартр“  на Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2021“  на кој учествуваа 453 училишта со 13 737 цртежи  од 33 земји од светот. Жирито избра  752 творби за изложбата со која ќе биде отворена на 23 мај годинава во просториите на Националната детска ликовна галерија „Монмартр“ и ќе трае до крајот на годината.

Ќе се доделат и награди за најдобра колекција, најдобри поединци и други признанија.