Моментално еден од најекспонираните македонски композитори Никола Мицевски, или „Човекот Музика” како што го нарекуваат неговите колеги, официјално не „почести” со својот прв сингл „KРУГ”,  фантастична најава за неговиот прв албум „NEW ERA”.

-„World Fusion“ музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот е „Круг“… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме! Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на „Круг“ му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена „КРУГ“ – порачува Никола Мицевски.

Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, музичари: Никола Мицевски – клавир, Зоран Костадиновски – гитара, Иван Кукич – Бас, Благоја Антовски – тапани, Петар Христов – сопран саксафон, гудачка секција: Владимир Крстев, Илија Филиповски, Верица Ајтовска, Дијана Мирчевска, Марија Трајковска, Емил Чичоновски. За снимање и продукција беше задолжено студио „XL Момироски“. Режија, сценарио и камера се на Даниел Јовески, костимографија: Андреј Папаз и Даниел Јовески, а во улога на Девојката се појавува Јулијана Митревска, Детето е Андреј Димовски, Момчето – Михаил Талев, а Возрасниот е Мендо Вељановски.