Личните предмети на основачот на Плејбој на аукција

Прстенот за чување вијагра продаден за 22.400 долари

03.12.2018 / 21:40


Златниот прстен во кој основачот на „Плејбој“ Хју Хефнер чувал апчиња вијагра се продаде за 22.400 долари на аукција во Лос Анџелес.

Хефнер, кој изврши големо влијание врз сексуалната револуција во 60-ите години на минатиот век со неговите списание и ноќни клубови, почина лани на 91 година. Тој го остави своето наследство на неговата фондација, која ги стави предметите на продажба.

Неговиот заштитен знак, црвениот пењоар, се продаде за 41.600 долари, но највисока цена, од 162.500 долари, изненадувачки достигна машината за пишување, на која Хефнер го пишувал првото издание на „Плејбој“ во 1953 година. Неговиот личен примерок од првиот број, со Мерилин Монро на насловната страница, е купен за 31.250 долари.

Целиот комплет списанијата за возрасни, од 1953 до 2013 година, се продаде за 76.800 долари, а неговата бела морнарска капа за 19.200 долари.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Магазин

Бранко Црвенковски ја омажи ќерката Марија (ФОТО)

пред 2 дена
Магазин

Цеца има најубава куќа во цело село

пред 4 дена
Магазин

Не може да ги издржи спомените: Сопругот на Марина Туцаковиќ ја продава семејната куќа

пред 5 дена
Магазин

Луј Витон доаѓа во близина на Скопје

пред 5 дена
Магазин

На Скопје му се случи носталгија со Нови Фосили (ФОТО/ВИДЕО)

пред 6 дена
Магазин

Билетите од 100 фунти распродадени за 24 часа: Кралот Чарлс ја отвора вратата од својот дом за посетители!

пред 1 нед.
Магазин

На украински готвач не му дозволиле да отвори ресторан затоа што сакал да готви руски јадења

пред 2 недели
Магазин

Mира од Делчево на 74 години се искачи на „покривот“ на Африка

пред 2 недели
Магазин

Се омажи една сијамска близначка: Еве како изгледа живот во тројка

пред 2 недели
Магазин

Драгана Мирковиќ апелира до сите во Австрија да помогнат да се најде Данка

пред 2 недели