Во Младинскиот културен центар на 29 октомври (20 часот), ќе се одржи промоција на новата поетска книга од Владимир Мартиновски. Мартиновски (1974) пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика. Автор е на десетина книги поезија, исто толку книжевно-есеистички книги, четири книги куси прози и раскази, како и на две книги за деца. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди. Се занимава и со музика.
Разговорот со авторот ќе го води Николина Андова – Шопова
Во поговорот на најновата поетска книга на Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, меѓу другото, истакува: „101 сонет од една чудна пролет е несекојдневна збирка песни за песните, поезија заседната дома, во поетскиот занает. Преклопувањето на карантинот на луѓето (поетот) со карантинот на поезијата (автореференцијалната песна) се творечкото кредо на оваа збирка. Таа е претворање на врвното непоетско околу нас во врвно поетско за нас и во нас; вистински дар, најубавото лице на долгото седење дома пролетта на 2020 година…“. Книгата е во издание на Кликер.
Comments are closed for this post.