Само двајца од околу 200 вечни студенти, на кои на Катедрата за географија на Природно математичкиот факултет во Ниш им предава по строгост познатата професорка д-р Мила Павловиќ, успеале во изминатата академска година да положат испит.

Преостанатите, со уште 608 колеги од Белград, едноставно чекаат професорката Павловиќ да замине во пензија за конечно да дипломираат, пишува Политика.

Студентите признаваат дека заради понижување и именување со „кукавици“ и „пациенти“, повеќето од нив не се ни обидуваат да си ја испробаат среќата по предметите Географија на Србија и Црна Гора и Географски предели СЦГ.

Велат упорноста тука не помага. Забележан е случај на еден студент кој кај прочуената Мила полагал 27 пати.

Не е проблем што ги плаќаме испитните сесии кај професорката Павловиќ и чекаме да го оствариме условот за излез пред комисија, по шест неуспешни обиди, но таа ги кине нашите испитни пријави. Случајот е пријавен во Ректоратот на универзитетот, за него ќе се разговара неделава. Доколку тоа не се реши излегуваме пред Владата на Србија. Чекаме веќе 10 години, сите се жалиме на неа, истакнува М.Б студентка на катедрата по географија.

Српскиот министер за образование Младен Шарчевиќ дециден дека професорката Павловиќ не смее повеќе да го прави тоа што досега го правела.

Мила веројатно малку претерува. Малку е тврдоглава, а деканот Филиповиќ е добар човек. Мора да и се каже: „Пријавите не смееш да ги фрлаш, а строга можеш да бидеш“. Ако ректорот не може да го реши проблемот, студентите нека ми се обратат мене. Ќе испратам инспекција на испит, па ќе видиме што таму се случува, дециден Шарчевиќ.

Министерот за образование Шаршевиќ своевремено бил асистент по предметот Географски предели СЦГ

Испитот Географски предели СЦГ е еден од двата „популарни“ предмети кои ги предава Мила Павловиќ, заради кои вечните студенти никако не можат да го завршат факултетот. Во минатото се викал Предели на Југославија, а асистент бил актуелниот министер за образование Младен Шаршевиќ. Вели дека во времето на Југославија бил обемен испит, но дека од денешните студенти не смее професорите да бараат толку големо ниво на знаење како во времето кога барал најнаградуваниот професор од Природно-математичкиот факултет Јован Марковиќ.

Мила ја познавам од студентските денови. Таа се обидува да го одржи нивото на професорот Марковиќ. Но, нему тоа му лежеше. Не се такви времиња. Мила не може да ги држи критериумите кои ги имавме ние. Не го оправдувам тоа, но денеска помалку се учи, и студентите го немаат тоа знаење како повозрасните генерации, бидејќи денеска многу малку се стекнува со знаење во основното и средно образование, истакнува Шаршевиќ.

Министерот сепак наведе дека професорката Павловиќ е автор на многу учебници и книги и дека на факултетот е многу почитувана, и изрази уверување дека случајот ќе се реши.