Професори од средното уметничко обвинуваат дека незаконски е поставен В.Д директорот во училиштето кој не ги исполнува условите. Собрале потписи со кои го бараат поранешниот директор кој раководел со училиштето. Велат дека се работи за личен избор на министерката, бидејќи многу законски процедури се прекршени со поставувањето на В.Д директорот. Покрај голем број други незаконски работи, тој бил единствен кој ја поддржал новата платформата од името на училиштето иако сите биле против.
За ова училишниот одбор се обрати писмено до министерката и ја информираше за состојбата на училиштето од 10.11.2020 година .
Во меѓувреме Филип Фидановски од свое име користејќи ја функцијата ВД директор ја поддржува лошата реформа во образованието која апсолутно нема поддршка во делот на ликовното образование ниту од наставниците од основните и средните училишта, вклучувајќи го и средното уметничко училиште, факултетите и МАНУ, и манипулира дека средното уметничко дава поддршка. Овие тврдења ги изнесе на собраниската дебата за реформи во образованието, притоа нарекувајќи го училиштето “затворена институција” што не е вистина.
Професорите приложија документи со кои сведочат за сите неправилности кои ги правеле МОН, Државниот просветен инспекторат и В.Д директорот.
Ги повикуваат сите надлежни институции да постапат и веднаш да го разрешат В.Д директорот, бидејќи целосно е нарушена училишната клима, а тоа го чувствуваат и учениците.
Comments are closed for this post.