Од новиот Закон за култура се брише македонскиот јазик, открива пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија која додава дека не само јазикот туку тенденцијата е да се избрише се што е национално.

Тенденцијата е да се избрише се што е национално. Ова е скандалозен закон. Се брише поимот национален уметник, се бришат националните пензии, културните амбасадори. Се брише поимот културно богатство, поимот заштита на македонскиот јазик кој не се сретнува на ниту едно место. Во самиот закон се брише терминот македонски јазик и се заменува со службените јазици во Македонија, вели Стојкова Серафимовска.

Таа истакна дека целата идеја на СДСМ е да тргне се што е национално, а на сметка на тоа да ги награди активистите на шарената револуција и да се заборави дека владата е таа која треба да се грижи за националната култура.

Целта според новиот предложен закон е намалување на националниот интерес кој го нема на сметка на таа т.н. независна сцена . Како да треба да се задоволат сите оние активисти на шарената револуција и да им се отворат вратите, притоа заборавајќи дека министерството за култура треба да се грижи за националните институции и националниот интерес, изјави Стојкова Серафимовска.

Таа нагласи дека се гледа дека тие што го правеле законот немале основно познавање од културата и меѓународните конвенции и правила за негување и промоција на културата.