Полицијата со помош на инспекторите од Oдделот за сајбер- криминал , го пронашле мажот , кој фрлал пари на улиците на Дубаи.

Мажот на социјалните мрежи објавил видео во кое се гледа како се расфрла со дирхами , а полицијата смета дека мотивот му бил за да привлече гледачи на социјалните мрежи. Мажот по приведувањето признал дека сакал со ова видео да добие лајкови и да стане познат на социјалните мрежи.

Сега на мажот , чиј идентитет не се соопѓштува освен дека е Азиец, му се заканува казна затвор и парична казна од милион дирхами (250 000 американски долари).