Околу 300 шумски дрвја се засадени на фудбалски терен, на стадионот „Вортерси“ во австрискиот град Клагенфурт. Станува збор за уметничка инсталација под наслов „За шумите“ со цел да ги предизвика луѓето да размислуваат за нивната врска со природата.

Проектот е инспириран од австрискиот сликар Макс Пеинтер, а реализиран од архитектот за пејсаж Енцо Енеа, прикажува 50 годишни дрва кои треба да го натераат посетителот да размисли дека шумите и дрвата наскоро би можеле да се видат само во музеите.

Проектот секако ќе биде успешен доколку го погледнат многу луѓе, изјави на отворањето креаторот Клаус Литман кој додаде дека вистинскиот успех за него е доколку дојде до знаење дека ваквиот поглед ќе се пропагира во целиот свет, поради штетите по животната средина.

Проектот „За шума“ ќе бите отворен до 27 октомври, а потоа дрвата ќе бидат заседени во околината на Клагенфурт, Австрија.

Цртежот на Макс Пеинтер бил изработен пред повеќе од 30 години, но реалистичноста ја добива дури сега во време кога стравувањата од уништувањето на шумите е зголемено, дополнително поради пожарите кои беснеат во дождовната шума на Амазон.