Американскиот претседател, наводно, не сака да биде на фотографија со ќерката Тифани бидејќи мисли дека е дебела, тврди некогашната лична асистентка од Белата куќа, Медлин Вестерхаут, наведуваат изори за весникот Политико, пренесува Раша тудеј.

Вестерхаут испила неколку пијалоци и ја „отворила душата“ пред репортерите во голф клуб во Њу Џерси.

Еден од работниците во обезбедувањето кажа дека Трамп својата најмлада ќерка не би ја препознал во поголема група луѓе, раскажала Вестерхаут.

Од четворица репортери кои биле присутни само новинарот на Вашингтон пост ги објавил овие детали кои се откриени за време на неформална вечера.

Трамп потврди дека неговата асистентка повеќе не работи во администрацијата на Белата куќа откако зборувала за неговите деца, пишува Бизнис инсајдер. Сепак, претседателот на САД истакна дека жали за загубата на добри личности меѓу соработниците.